Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Тошковски: Резултатите за првите пет месеци на „Безбеден град“ се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно

Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.   Тошковски, во гостувањето на една од националните телевизии, направи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.  

Тошковски, во гостувањето на една од националните телевизии, направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во 2025 година, иако „Безбеден град“ со казни започна да се применува од февруари годинава. 

-Сите загинале како последица на непочитување на сообраќајни правила. Во 2025 година во првите пет месеци имаме 56 жртви, во 2026 имаме 39. Неспорен факт. Колку чини еден човечки живот, јас не знам – изјави Тошковски. 

Реклама

МВР, нагласи Тошковски, две години макотрпно работеше на овој проект којшто е најгорлив за македонските граѓани кога зборуваме за безбедност. 

-Ова е систем којшто за да ги даде посакуваните резултати навистина требаат повеќе од пет месеци – изјави Тошковски, најавувајќи дека максимално репресивно ќе се дејствува на сите што дивеат по македонските улици.  

Првите чекори коишто ќе следат во делот на странските возила, Тошковски, најави дека ќе бидат видливи за еден месец. 

-Дали камерите регистрираат странски таблички – да. Дали ќе бидат предмет на казнување – да. Дали се во системот – да. Како ќе го подобриме процесуирањето на истиот ќе видат македонските граѓани за брзо, меѓутоа работиме интензивно и на тоа – изјави Тошковски.

Министерот сподели загрижувачка статистика за изминатиот месец, каде што од 12 жртви во сообраќајот, дури 5 се мотоциклисти. Тој нагласи дека полицијата ќе дејствува „максимално репресивно“ кон оние кои „дивеат“ по улиците.

– За тројца од загинатите сум сигурен дека не носеле кацига. Ги замолувам сите кои управуваат мотор – секогаш носете кацига! Кацигата не се носи заради другиот, туку заради себе, таа спасува живот – потенцираше Тошковски. 

Во однос на електричните тротинети, кои се посочени како огромен безбедносен предизвик министерот Тошковски рече дека веќе се консултирал со голем број амбасадори за искуствата од нивните земји и најави законски измени.