Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Тошковски: Безбедноста на нашите дечиња е наша заедничка обврска затоа што тие се нашето најголемо богатство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава, која се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театарот „Провокација“ како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Претставата, како што соопшти МВР, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможила на децата преку интерактивен и едукативен пристап да се запознаат со основните правила за безбедно однесување во сообраќајот, безбедниот пат од и до училиште, како и со значењето на внимателноста и одговорноста во улога на пешаци и велосипедисти.

Министерот Тошковски потенцира дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.

Реклама

– Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност – истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи, се додава во соопштението, и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани.