Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Тензиите на Блискиот Исток не стивнуваат, и покрај атмосферата на напредок во мировните преговори

Се заоструваат тензиите на Блискиот Исток. Два разорувачи на американската морнарица успешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се заоструваат тензиите на Блискиот Исток. Два разорувачи на американската морнарица успешно поминале низ Ормутскиот теснец и влегле во Персискиот Залив, откако одбиле координиран напад од иранска страна, јавуваат американски медиуми.

Според извештаите, нападот вклучувал ракети, дронови и мали брзи чамци, но и покрај интензитетот, ниту еден од бродовите не бил погоден. Разорувачите биле поддржани од хеликоптери „Апачи“ и други воздухопловни средства. Покрај воените бродови, и два трговски брода под американско знаме безбедно го поминале теснецот, соопшти Централната команда на САД, во рамки на иницијативата „Проект Слобода“, најавена од Доналд Трамп. Тензиите во регионот остануваат високи, откако Иран претходно предупреди дека ќе нападне странски сили доколку се приближат до теснецот. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека не постои воено решение за кризата и предупреди на ризик од ескалација, и покрај напредокот во мировните преговори.