Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Прилози

Температурни промени и над 30 степени носат здравствени ризици, лекарите со апел за претпазливост

Вртоглавици, главоболки, конфузност, дезориентираност, болки во зглобови, во мускули, варијации на притисокот …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вртоглавици, главоболки, конфузност, дезориентираност, болки во зглобови, во мускули, варијации на притисокот  се најчестите проблеми на кои што се жалат граѓаните во изминативе  денови. Поради наглите температурни промени  најчесто се жалат  хроничните болни но не се изоставени и другите пациенти велат лекарите.  Додаваат и дека е зголемен бројот на повици кон итната помош на дневно ниво и тоа за десет пати повеќе а најчестите причини се  мозочни и  срцеви удари.

-Десетократно згоолемување имаме на дневно ниво кои што најчесто завршуваат со совет. Најчесто се јавуваат хроничните болни и постарите лица над 60 годишна возраст. Посебно внимание да се обрне и на детската популација на кои што исто така им е тешко во овој временски период, изјави доктор Ана Џарева.

 Додаваат и дека има зголемен број на колапси и сообрајќајни несреќи поради дезориентираност. Апелираат собено внимателни да бидат повозрасните, асматичарите  и лицата со висок крвен притисоки бремените жени. Поради  најавата   за зголемување на температурата во следните денови  и над 30 степени, лекарите препорачуваат да се внимава на здравјето и да се внесуваат многу течности, витамини и да не се излегува на сонце во најтоплиот период од денот.

Реклама

При топло време да се носи лесна облека, да не се изложува на сонце, да се носат наочари, да се носат заштитни капи, да се користат креми со заштитен фактор и да се пијат многу течности и да не се излегува на сонце од 11 до 17 часот, да се избегнува зголемена физичка активност особено спортистите, изјави Џарева.

Лекарите апелираат граѓаните повеќе да внимаваат на своето здравје и навремено да реагираат  на симптомите кои ќе ги почуватвуваат и задолжително да се консултираат со лекар.   УХМР пак за денес повторно најавувааат променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час., а постојат и услови за изолирана појава на град.