Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Темелко од Штип: Во Пустец и насекаде во Албанија, македонскиот јазик, култура и традиција се опстанати

За Македонците во Македонија е значајно што со новата територијална поделба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Македонците во Македонија е значајно што со новата територијална поделба на општините не се крати општина Пустец, истакна денеска Едмонд Темелко,поранешен градоначалник на Пустец и граѓански активист, на традиционалното одбележување на Денот на независноста во Штип, а иницирано од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип. 

– Од 61 општина што беа до моментот, од мнозинството, од социјалистичката владејачка партија има предлог што е во собраниска процедура, каде ќе има 46 општини. Петнаесет општини се скратуваат во Република Албанија, но тоа што е најважно и најбитно за нас Македонците, општина Пустец останува во предлогот и на владејачката партија и на опозицијата. Значи, Општина Пустец не се ризикува да остане како што беше македонска општина во Албанија-вели Темелко.

Тој додаде дека не е прифатено барањето на Македонците во Албанија да имаат посебни општина во Голо Брдо, Булчица и во областите Гора и Кукаш. 

Реклама

-Добро што општина Пустец останува како македонска посебна општина и ние ќе продолжиме и понатаму да бараме признавање на сите Македонци во целата територија на Албанија – и во областа Голо Брдо и во Гора, за да можат да ги имаат истите права што ги имаат Македонците во Пустец, да имаат и Македонците во Голо Брдо и во Гора-рече Темелко.

Прашан дали во Албанија се почитуваат македонскиот јазик, култура и традиција, Темелко одговори дека  во Пустец и насекаде во Албанија, македонскиот јазик, култура и традиција се опстанати, бидејќи се пренесува од дедовци на внуци, од мајки на синови.

– Се пренесува културата и традицијата. Во Пустец е поизразена и повеќе зачувана заради тоа што секогаш во Општина Пустец Македонците се признаени од властите во Република Албанија. Сите знаат, освен да зборуваат, и да пишуваат на кириличко писмо. За разлика од тоа, Македонците што живеат во другите места – во градовите Корча, Билишта, Подградец, во Елбасан, а во областа Голо Брдо каде се мнозинство Македонци, во Гора – таму јазикот и традициите се чуваат само пренесени од нивните предци, без да имаат право да учат во школите на својот мајчин јазик-изјави Темелко. 

Тој истакна и дека Албанија има донесено закон на сите малцинства да им се почитуваат правата. 

-Се надеваме во иднина и таму да почне да се учи кирилското писмо и македонскиот јазик во училиштата каде што има значителен број на деца Македонци-подвлече Темелко од Штип.