Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Телото на загинатиот тракторист на обдукција, СВР – Велес со детали за несреќата во кавадаречко

Од Секторот за внатрешни работи – Велес попладнево излегоа со детали за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од Секторот за внатрешни работи – Велес попладнево излегоа со детали за загинатиот тракторист на кавадаречкото подрачје.

– Денеска во 09:00 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д., на возраст од 53 години од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот, појаснија од СВР – Велес.

Додаваат дека лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт. – Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, потенцираат од СВР – Велес.

Реклама

МИА претходно објави дека тракторист денеска загинал во несреќа во кавадаречко. Информацијата ја потврди Антоан Паракеов, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци. Несреќата била на патот од градот Кавадарци, кон селото Дреново. 

– Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година. Лицето починало веднаш, откако се превртел тракторот со кој управувало, појасни Паракеов.