Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

ТАВ Македонија на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, со цел отворање на нови директни авиолинии до скандинавските земји

Потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава се претставени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјава се претставени пред водечки авиокомпании и туроператори на роуд шоу-а во Финска и Норвешка, од страна на концесионерот ТАВ Македонија, а со цел отворање на нови директни авиолинии во скандинавските земји.       

За време на роуд шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на ТАВ Македонија, Владимир Граматиков, ги презентираше потенцијалот на македонските аеродроми, авио поврзаноста и туристичкиот потенцијал што може да го понуди нашата земја. Овие настани беа организирани од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (NAITM), а поддржани од SIPPO (Швајцарска програма за промоција на увозот) и Министерството за култура и туризам, со цел силно промовирање на земјата како атрактивна туристичка дестинација.

– Скандинавскиот пазар има значителен потенцијал за раст. Нашата цел е да го поттикнеме развојот на нови директни редовни линии во текот на целата година до клучни европски дестинации како што се Копенхаген и Хелсинки и да обезбедиме стабилна и предвидлива средина за веќе воспоставените линии. Ова роуд шоу е дел од нашата стратегија за отворање нови можности и за нашите граѓани и за привлекување странски туристи во земјата, преку проширување на нашата мрежа на линии со директни летови до главните скандинавски аеродром –  вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Реклама

ОдНационалното здружение за дојдовен туризам во Македонија ( АИТМ) велат дека иако нордиските пазари традиционално се сметаат за потешки за освојување, токму тоа ги прави стратешки исклучително вредни затоа што станува збор за туристи со висока куповна моќ, јасно дефинирани очекувања и силен фокус на квалитет, одржливост и автентични искуства. Според нив – тие не се масовни туристи, туку патници кои внимателно избираат дестинации, бараат уникатни приказни и се подготвени да инвестираат во искуства што нудат вредност. 

Главниот град на земјава веќе директно е поврзан од Меѓународниот Аеродром Скопје со директни летови до Осло, преку авикомпанијата Norwegian Air Shuttle и преку Wizz Air до Осло-Сандефјорд, Малме и Стокхолм како и чартер летовите на Freebird Airlines до Стокхолм/Гетеборг и до Копеханген/Булунд. 

Покрај целта за проширување на мрежата на рути на скандинавскиот пазар, од ТАВ Македонија велат дека остануваат фокусирани на поврзување на скопскиот и на охридскиот аеродром со главните европски аеродроми со кои во моментов нема директни врски, како што се Амстердам и Лондон Гетвик или Хитроу. Иинтензивно работи и на обновување на врските со Блискиот Исток, односно Доха и Дубаи, за проширување на мрежата на авиолиниите и зајакнување на поврзаноста на двата македонски аеродроми.