Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

Светска Банка сугерира повисоки даноци и зголемена старосна граница за пензионирање

Мажите и жените да одат подоцна и на иста возраст во пензија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мажите и жените да одат подоцна и на иста возраст во пензија, покачување на придонесот за пензиско осигурување за 2,2%, укинување на швајцарскиот модел за раст на пензиите согласно платите и трошоците за живот. Ова се само дел од предлозите на Светска Банка за подобрување на јавните финансии нотирани во последниот извештај. Светска банка смета дека преголемите исплати од буџетот кој обезбедува 37% од вкупната сума на пензии мора да се намалат. Доколку не се воведат никакви реформи, за неполни 30 години, бројот на пензионери ќе го надмене бројот на вработени.

„Во поглед на пензиите треба да се зголеми придонесот бидејќи е мал, 18,8%. Треба да биде во комбинација со постепено зголемување на возраста за пензионирање“ – вели Сања Маџаревиќ Шујстер – Светска Банка.

„За  2025 и 2026 година тој процент достигнува 37-38 проценти од вкупните исплати за пензии и тоа не е нешто што не е вообичаено, меѓутоа ние укажуваме дека тој обем претставува сега товар и за самиот буџет. “ – вели Глигор Бишев – Фискален Совет.

Реклама

За да се наполни повеќе државната каса, Светска банка препорачува да се подобри наплатата преку елиминирање на сивата економија, ДДВ од 19%, покачување на стапките на данок на добивка и сите форми на капитален доход на 15%, поголеми акцизи на цигарите и алкохолот. Директорката на УЈП вели дека оваа Влада не размислува за зголемување на стапката на ДДВ. Таа смета дека треба да се соберат повеќе даноци преку елиминирање на даночното затајување.

Ние работиме во рамките на политиките на Владата, фискалната стратегија, тоа се политики за одржување на ниски даночни стапки, а собирањето или мобилизацијата на даночните приходи треба да ја обезбедиме во тие услови на ниски даночни стапки со проширување на даночната база, со интегрирање на сивата економија во формалната економија и со разни други мерки коишто ќе се однесуваат на намалување на сите други даночни гафови, односно загуби на даночни приходи заради даночна евазија заради нецелосно и неточно плаќање на даноците“ – вели Елена Петрова – директор на Управа за јавни приходи.

Премиерот Мицкоски рече дека Владата не размислува да ја зголеми старосната граница за одење во пензија, ниту пак ќе се чепка во придонесот за пензиско осигурување. Од финансии велат дека активно работат на фискална консолидација. Меѓу другите предлози на Светска Банка се и ревидирање на позитивната листа на лекови, укинување на субвенциите за тутунот, елиминирање на тендерите на кои се појавува и избира само една компанија.