Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Светска Банка: Корона кризата двојно ќе ја зголеми сиромаштијата во Македонија

Драстично расте невработеноста во Македонија. По Албанија со зголемена невработеност од дури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драстично расте невработеноста во Македонија. По Албанија со зголемена невработеност од дури 25%, земјава се најде на неславното второ место по растот на невработеноста од 11% меѓу земјите од Западен Балкан – пишува Светска Банка во најновиот извештај.

Коронакризата ќе ја зголеми сиромаштијата на нивото од пред 2015 година – предупредува банката. Дури 75 илјади луѓе кои сега едвај врзуваат крај со крај, ќе паднат во групата сиромашни граѓани. Сиромаштијата драстично ќе се зголеми кај работниците во најпогодените сектори.

„Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17% од 2019 година, до околу 20-23% во 2020, и од 55.000 до над 130.000 граѓани на Македонија би западнале во сиромаштија. Приходите кај граѓаните со најниски примања ќе паднат од 5% до 8% и до 13% кај останатото население, а над 75% од оние што веројатно ќе паднат во сиромаштија, сега немаат социјална заштита“ – пишува во извештајот на Светска Банка.

Реклама

Светска банка пишува дека речиси сите земји од регионот решиле да ги субвенционираат платите. За разлика од македонската влада која издвои пари само за април и мај и ги остави бизнисите самите да се снаоѓаат да исплатат плати во најпогодениот месец – март, во Србија на пример, Светска Банка пишува дека се предвидени субвенции за 3 месеци.

За разлика од кај нас, Косово ќе ги покрие пензиските придонеси за април и мај, а во Црна Гора фирмите ќе го одложат персоналниот данок на доход и придонесите за социјално осигурување.

Средната класа ќе се намали, а дури 400 илјади луѓе ќе паднат во сиромаштија во земјите од западен Балкан ако нивните влади не реагираат навреме за да ги спречат негативните последици од корона кризата.

Адријана Алексиеска