Реклама

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Економија

Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на стратегијата за рударство, подготовката на новата стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството – соопштија попладнево од кабинетот на министерката.

Во фокусот на разговорите биле стратегијата за рударство и нејзината имплементација, а за која Азески ја потврдил поддршката на Стопанската комора и бизнис-заедницата. Била истакната важноста од соработка меѓу институциите и стопанството за спроведување на стратешките определби и создавање услови за одржлив развој на рударскиот сектор.

– Особено внимание беше посветено и на подготовката на новата стратегија за енергетика на државно ниво. Стопанската комора изрази подготвеност да учествува во овој процес заедно со меѓународните партнерски организации. Притоа беа нагласени потребата, стратешките насоки во енергетиката да одговорат на новите трендови, технолошките промени и актуелните потреби на стопанството, со цел воспоставување функционален систем што ќе го поддржи економскиот раст и развој на државата – информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Реклама

На средбата се разговарало и за можностите за развој на автомобилската индустрија, со посебен акцент на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови и унапредувањето на квалитетот на воздухот. Министерката посочила дека просечната старост на возилата во државата е 20-ина години, а бројот на електрични возила и на инфраструктурата за нивна поддршка се ограничени.

– Воедно, беше отворено прашањето за потребата од постепено усогласување со современите европски стандарди за емисии и создавање услови за развој на електричната мобилност – се додава во соопштението.

Соговорниците ја потврдиле подготвеноста за продлабочување на соработката и во унапредувањето на законската регулатива за јавно-приватно партнерство и концесии, области во кои придонесот на бизнис-заедницата, како што се истакнува, е значаен за креирање функционални и применливи решенија.

– Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја унапредува соработката со Стопанската комора и стопанството, со цел доследна имплементација на стратешките документи, подобрување на законската рамка и создавање услови за одржлив економски развој – се потенцира во соопштението.