Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Свет

Светот се подготвува за имунизација – почнува масовната вакцинација против ковид во САД

Повеќе од 71 милиони луѓе се заразиле  со коронавирусот ширум светот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 71 милиони луѓе се заразиле  со коронавирусот ширум светот од почетокот на епидемијата. Речиси 50 милиони се излекувале, а еден милион и шестотини илјади ја изгубиле битката со опасниот вирус. Во моментот активни се над 20 милиони случа,  а 106 илјади од нив, се во критична состојба имајќи предвид дека бројките се менуваат од час во час.

САД сè уште имаат најголем број смртни случаи и заразени во светот.  Американските здравствени власти, транспортните компании и болниците се подготвени итно да започнат досега невидена кампања за масовно вакцинирање, откако федералните регулатори ја одобрија првата вакцина против ковид-19.

 Претседател Доналд Трамп најави дека вакцинацијата ќе започне за помалку од 24 часа, откако и Агенцијата ќе издаде дозвола за итна употреба на вакцината од американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“.

Реклама

Имам многу добри вести. Денеска нашата нација постигна медицинско чудо. Направивме безбедна и ефикасна вакцина за само девет месеци. Ова е едно од најголемите научни достигнувања и успеси во историјата. Ќе спаси милиони животи и наскоро ќе ѝ стави крај на пандемијата“, порача Трамп.

Велика Британија до сега вакцинираше десетици илјади луѓе.

А во земјите од ЕУ додека се чека одобрувањето, германската канцеларка Ангела Меркел апелираше да се намалат социјалните контакти за време на Божиќ.

Меркел која во јавните обраќања е секогаш прибрана и студена, овој пат со емотивен настап, скоро на раб на солзи.

Бројот на контакти е преголем, намалувањето на контактите не е доволно. Извинете, навистина ми е жал од дното на моето срце, но ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, тогаш според мене тоа е неприфатливо.. Ако имаме премногу контакти пред Божиќ и на крајот тоа е последниот Божиќ со нашите баби и дедовци, тогаш ќе сториме нешто погрешно. Не треба да дозволиме тоа да се случи – рече Меркел во германскиот парламент.

А од земјите во регионот Србија се подготвува за вакцинација. Тамошните власти објавија дека првите вакцини ќе бидат доставени пред крајот на годината.

Таа вакцина навистина ќе ја имаме во декември оваа година, порача српската премиерка. 

А Во Хрватска на полноќ стапија на сила нови мерки. Според новите правила, продавниците што имаат простор до 10 метри квадратни можат да имаат по еден клиент.Трговските центри треба да имаат за секој потрошувач најмалку 16 метри квадратни.