Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале

Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција.

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес, вчера пред присутните се обрати државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија С. Ѓоргова.

Како што информираат од Министерството за култура Ѓоргова во своето обраќање истакна дека нашето учество претставува „јасна потврда дека македонската култура има што да каже на јазикот на современата уметност“.

Реклама

Говорејќи за делото на Жерновски, Ѓоргова посочи дека станува збор за силен и слоевит уметнички израз, во кој класичниот мотив на Пиета е трансформиран во современ визуелен јазик што ги поврзува историското наследство и актуелните состојби во светот.

Таа ја истакна и симболиката на „златните“ заштитни фолии, кои, како што рече, се истовремено и заштита и аларм, потсетник на времето на кризи, но и на потребата човечноста повторно да биде осмислена.

Според Ѓоргова, поставувањето на македонскиот павилјон во „Ex Capella Buon Pastore“ му дава дополнителна димензија на делото, кое „станува мост меѓу минатото и сегашноста, меѓу интимното и универзалното“.

Ѓоргова се осврна и на концептот на годинашното издание на Биеналето, под кураторство на Којо Куо и со наслов „In Minor Keys“ (Во молски тоналитет), нагласувајќи дека оваа тема отвора простор за тивки, суптилни и често занемарени приказни, кои повикуваат на емпатија, размислување и суштински отпор во време на глобални предизвици.

На годинашното 61. Биенале на уметноста учествуваат над сто уметници и се претставени над 80 национални павилјони од целиот свет, кои преку разновидни медиуми и пристапи ги адресираат клучните теми на денешницата – од миграции и климатски промени до политички конфликти и идентитетски прашања.