Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Свечено одбележани 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“

Во Тирана свечено беше одбележан јубилејот, 15 години од излегувањето на првиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Тирана свечено беше одбележан јубилејот, 15 години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, кој на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше отпечатен за првпат.

Во обраќањето пред присутните, Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник, меѓу другото, рече дека досега се испечатени 71 изданија и оти весникот предизвикал голем интерес кај „македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во светот“.

– Почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com. На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност, како за сите Македонци во Република Албанија, регионот и цел свет. Исто така, од септември 2017 година, македонскиот весник “Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN и дел од најголеми читачи на вести во Македонија: time.mk, grid.mk и vesti.mk, рече Ѓурѓај.

Реклама

Весникот, додаде тој, дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

– Мисијата на нашиот весник беше и останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија. Остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Република Албанија и Македонија, како и од Македонците ширум светот, порача Ѓурѓај.

Според него, сите изданија на весникот cе достапни за сите заинтересирани, во Националната библиотека во Тирана, Библиотеката на Собранието на Република Албанија, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe, Библиотеката на Институтот за старословенска култура – Прилеп, Библиотеката на МАНУ, Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид и Државниот архив на Македонија.

Ѓурѓај од име на редакцијата и истоименото друштво, чие гласило е весникот, им се зблагодари на сите свои соработници и сите што го помагат весникот, на  Трајче Трајковски од Перт Австралија кој помогнал за свеченото одбележување на јублејот, и секако на многубројната читатлеска публка.

Свеченоста се одржа во хотел и ресторан „Дрери“ во Тирана, на кој присуствуваше и Радмила Стојмировска, вршителка на должност македонски амбасадор, Атанас Плоча, заменик градоначалник на Општина Пустец, Васил Стерјовски, претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција, Верица Мукоска, лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Никола Ангеловски, потпретседател Здружение „ВАРДАР-МКД“-Подгорица, претставници на мисијата на ОБСЕ во Тирана и на здрженија на малцинствата, како и Македонци од Тирана, Корча, Голо Брдо, Преспа, Гора и други гости.