Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Свечена седница во чест на денот на ослободување на Куманово

Куманово одбележува 81 година од ослободувањето. Бројни делегации, положија свежо цвеќе на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово одбележува 81 година од ослободувањето. Бројни делегации, положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната војна, Спомен костурница оддавајќи достојна почит на паднатите борци.

Свечената седница на која присуствуваа бројни гости од локалната власт, пратеници, претставници од Владата, од амбасадите, од збратимените градови на Куманово се одржа во занаетчискиот дом. Поради одржување на изборите, наместо „Ноемвриската награда“ градоначалникот Максим Димитриевски им додели благодарници на ликовниот уметник Зоран Арсовски-Бабата, проф. д-р Аљмир Рушити за придонесот во академската, научна, образовна област, на Иван Цветковски за афирмација на духовното наследство, на танцовите клубови „Динамик“ и „Виртус“ за танцовиот перформанс „Пафта“, за планинарот Бобан Стефановски, на спортскиот клуб „Предатор“ на ФК „Башкими“ и на младинскиот кошаркарски клуб.

Во говорот на свеченоста, градоначалникот Максим Димитриевски се осврна на историските моменти од ослободувањето на Куманово и борбата против фашистичкиот окупатор, кумановските народни херои и нивната жртва за денешно слободно Куманово и Македонија.

Реклама

– Аманетот што ни го оставија е наша обврска за развој и унапредување на државата, сочувување на македонскиот идентитет, јазик и традиција, одржување на довербата создавање на нови искрени пријателства. Националните вредности имаат долгогодишен процес на создавање кој треба да се почитува и да се брани од сите лоши намери. Со почит и достоинствено признание на народните борци кои ги дадоа своите животи за слобода на сите нас се откажеме од намерата во одбраната на вредностите на нашиот град, првоборец, град на луѓе со ведар дух на поборници за заедништво и сплотеност, рече Димитриевски.

Тој кажа дека локалната самоуправа која му е доверена да ја води трет мандат ќе достигне повисок степен во исполнување на обврските и заштита на правата граѓаните, преку отчетност, ќе се залага за реализација на нови проекти кои ќе го унапредат квалитетот на живот на кумановци.

– Довербата на граѓаните претставува обврска која нѐ насочува кон имплементација и реализирање на бројни проекти и забрзан просперитет во сите општествени дејности подобрувајќи го секојдневното функционирање на нашите сограѓани. Современиот лик на Куманово продолжува да се развива во една урбана средина, за чие одржување потребно е единство транспарентноста и идеите за тоа на кој начин да дејствуваме и да бидеме ефикасни во исполнување на потребите во сите општествени области. Водиме грижа за групи на граѓани и возрасти како припадници на повеќе етнички заедници кои бараат повисок животен стандард, рече Димитриевски.

Во говорот потсети на реализираните проекти од различни свери и отвореност за идеи повика и повика на единство при реализација на приоритетите за доброто на граѓаните.