Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Судскиот совет ќе врши увид во постапувањето на Основниот суд Битола по предметот „Марковски“

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука за формирање работна група за увид во предметот за постапување и одлучување на Основен суд Битола, поврзан со случајот „Марковски“. 

Советот, на предлог на членот Ивица Николовски, со 11 гласа „за“ донесе одлука за формирање работна група што ќе проверува дали Основниот суд Битола постапил согласно законските надлежности при укинувањето на притворот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски, во замена за гаранција од 4,9 милиони евра. 

– Сите сме сведоци, сите ги читаме секојдневните написи на електронските медиуми во кои се изнесуваат наративи или содржина со кои се осудува постапувањето на тој суд или се нарушува угледот на судот. И затоа сметам дека како надлежна институција која ја следи работата на судовите треба да се изврши увид и да се констатира една состојба што е што, изјави Николовски.

Реклама

За членови на работната група беа избрани Павлина Црвенковска, Данка Ристова и новата членка на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.

Марковски е еден од осумте обвинети за злоупотреби на тендерот за дислокација на погонските единици од рудникот „Осломеј“ во рудниците на РЕК „Битола“, вреден 1,7 милиони евра.

Основното јавно обвинителство Битола на 9 октомври отвори истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола, меѓу кои и Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“. Кон крајот на октомври минатата година судот на барање на ОЈО Битола замрзна имот во Србија и Македонија на Борче Марковски. 

Битолскиот суд на 16 јануари годинава, постапувајќи по жалба на обвинетиот, донесе одлука за укинување на притворот и определување мерки на претпазливот на Марковски во замена за гаранција во движен и недвижен имот. По реакциите во јавноста Основниот суд Битола излезе со сопштение.