Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Судир меѓу Шилегов и Наумовски за депонијата кај Ново село

Повторно судир меѓу градската и локалните власти. Шилегов контра Наумовски. Скопскиот градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно судир меѓу градската и локалните власти. Шилегов контра Наумовски. Скопскиот градоначалник го обвини колегата од Ѓорче Петров за повторното полнење на депонијата кај Ново Село. Според Шилегов,  општинските инспектори не реагирале навреме за да се спречи проблемот.

  • Депонијата  во Ѓорче Петров, кај Ново Село е проблем стар повеќе од 20 години. Градот Скопје некаде во јануари месец влезе во целосно расчистување, во целост го  да исчисти и мислам дека граѓаните можеа да го видат тоа. Недостатокот на инспекциски надзор што требаше да го направи општината Ѓорче Петров веројатно резултираше со повторно полнење на депонијата- вели Петре Шилегов-градоначалник на Град Скопје.

Шилегов откако обвини, се обиде да се вади дека разговарал за ситуацијата со Наумовски и дека ќе направеле нов проект за чистење на депонијата. Но не кажа колку тој ќе чини.

Наумовски возвраќа дека надлежностите се заеднички, а инспекторите тврди дека постојано биле на терен. Иако инсистиравме,  во писмената изјава за Алфа новиот проект не го споменува – ниту кога ќе започне, ниту колку пари ќе се потрошат.

Реклама
  • Ги зачестивме кривичните пријави и казните, а соработката со полицијата е на највисоко ниво. Ова е проблем стар повеќе од 12 години за кој после толку време конечно некој иницира решение. Најдовме модел и со сите сили се обидуваме да го решиме што поскоро“- вели Александар Наумовски – градоначалник на Ѓорче Петров.

За целосно расчитување на депонијата кај Ново Село во јануари годинава  беа одделени 10 милиони денари, но депонијата никогаш не беше целосно исчистена.

Викторија Миткова