Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Судир кај Пресека: Пет лица повредени, меѓу нив и две малолетни деца

На магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на планинскиот превој „Пресека“,…

Сподели:

На магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на планинскиот превој „Пресека“, вчера попладне се случила сериозна сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „Киа“ со скопски таблички, управувана од 53-годишен француски државјанин, и „Шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 42-годишен возач од Куманово.

Според информациите од СВР Охрид, во сударот тешко се повредиле возачот на „Киа“ и неговата 19-годишна сопатничка, исто така од Франција. Телесни повреди здобиле и возачот на „Шкода“, како и тројца сопатници – 36-годишна жена и две малолетни лица, сите од Куманово. Повредените се пренесени и згрижени во охридската болница „Св. Еразмо“.

На самото место увид извршила екипа на ОВР Кичево, а околностите за несреќата се предмет на натамошна истрага.