Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до повисоката позиција.

Постапката може да се врати на почеток доколку Управниот суд одлучи позитивно на тужба од судијата Андреј Димовски кој смета дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува.

„Начинот на непремена на прописите од тужениот, беше неисправен до тој степен што претставуца прекршување на позитивните обврски на државата која таа ги има преземено согласно член 6 од Европската конвенција за човековите права“ рече Андреј Димовски, граѓански судија.

Реклама

Адвокатот на Димовски е на став дека иако претходно имало одлука од Управен и Врховниот суд, како што велат во полза на граѓанскиот судија, Судскиот совет сепак не ги испочитувал во оценувањето и носењето одлука. Освен што не ги испочитувале, тие продолжиле со изброот на судии во повисокиот суд.

„Претходната пресуда на овој суд содржеше низа забешки за кои со доказната постапка Судот ќе констатира дека воопшто не се отстранети, а како такви ги има многу“ рече Билјана Јандриоска, адвокат на Димовски.

Судскиот совет пак, со контра аргументи. Вели решението за оценување во декември 2023 било донесено според Законот од 2019, а Врховниот суд го укинал решението по приговор а не по оценувањето на судијата.

-Правната заштита предвидена согласно Законот за СС, тужителот претходната правна постапка за иста правна работа ја водел со тужениот огран и пред Врховниот суд.., рече претставникот на Судкиот совет.
Судијата Димовски бара Судски да му направи ново оценување и бодување.

Доколку Управниот суд ја прифати тужбата, највисокото судско тело ќе треба повторно да изврши оценување на овој судија што може да влијае на сегашниот избор во Апелација.

Според одлуката на членовите на Судски, од Скопска двојка во повисокиот суд беа унапредените судиите Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Изборот кој го направи Судски неколку дена е под лупа на јавноста и експертската фела. Спорни беа повеќе работи, а во очи најмогу падна дека изборот се случи три години од распишување на огласот.