Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Судење за „Онкологија“: препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство, Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството, Милан Ристески, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти.

Техничкиот советник на Обвинителство, Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече дека вештачењето е од 26 јануари 2024 година, а повеќето се медицински досиеја на пациенти од Клиниката за онкологија, кои биле лекувани и се дадени на вештачење во странство – во Словенија и Србија.

Прашан дали е сигурен дека тоа што селектирал за вештачење било со целокупната медицинска документација за тие лица, вештакот рече – да, но посочи дека „тоа што е спакувано и како – не знам“ зашто, како што рече, пакувањето не го правел.

Реклама

Прашан дали во документацијата дадена за вештачење имало и пациенти на други доктори, вештакот рече – да, за документацијата што тој ја имал.

Судот го задолжи вештакот во рок од 15 дена да достави писмено известување во врска со прашањето дали постои техничка грешка во изготвените извештаи, која се однесува на имиња на доктори или терапија, а кои се внесени во налогот, и заклучокот од извештаите што се презентирани.

Претходно денеска, вештакот одговараше на вкрстени прашања од одбраната на обвинетата Симонида Црвенковска, кои се однесуваа на препораките од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА, Американското здружение за клиничка онкологија (АСЦО) и Европското здружение за медицинска онкологија (ЕСМО) за лекарства и методи за лекување применувани од обвинетите.

– Препораките се жива и променлива категорија и се темелат на резултати од клинички студии, но и од стекнатите искуства на онкологот – посочи вештото лице. 

Според вештото лице, препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот. Адвокатот посочи дека обвинетата не е опфатена од тој дел на извештајот, што вештакот го потврди. Вештакот не можеше да потврди дали лекот „ерлотиниб“ што бил даван бил донација или остаток од други пациенти.

Вештакот исто така одговори дека предмет на медицинското вештачење била оправданиста на даваните лекарства, а изворот на лекарствата не бил предмет.

Следното рочиште е на 15 јуни за кога, како што е најавено, Обвинителство треба да се обиде да обезбеди дел од неиспитаните предложени сведоци, кои досега не можело да се обезбедат. Судот информира дека досега се испитани сите законски застапници и оштетени за кои судот располага со лични документи за нивно повикување. Потоа следува сослушување технички советник на одбраната.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката почна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина и судот ја осуди на две години условна казна затвор.  

Обвинението ги товари лекарите за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување, при што кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на здравствената состојба. 

Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје.