Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Студенти од Турција на средба со претставници од СВР-Штип за навремено добивање дозволи за престој

Претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и студенти од Турција денеска имаат средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и студенти од Турција денеска имаат средба со преставници од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип со цел полесно и побрзо да добијат дозволи за престој во државата.

Професорот на Филолошкиот факултет при УГД-Штип, Махмут Челик, рече дека средбата се организира со цел да не се создава гужва пред полициска станица и  турските студенти полесно и побрзо да ги добиваат потребните документи за престој во државата и за студирање на УГД Штип.

Во изминатиот период пред СВР Штип студентите се соочуваа со проблем да  чекаат во редици за документи. 

Реклама

-До пред две до три години немавме никаков проблем со престојот. Студентите редовно за кратко време добивале дозволи за престој. Но, за жал, од лани има проблеми, на пример со студенти кои задоцниле со престојот и не успеале да добијат престој па биле и депортирани, изјави  Челик.

Околу 500  студенти од Турција студираат на УГД-Штип, но дел од нив не успеале да ги положат сите испити, а околу 40 турски студенти се депортирани  бидејќи навреме немале извадено документи за престој во државава. 

-Има некаде околу 500 студенти, активни студенти, но некои кои не успеале да ги полагаат потребните испити се откажаа. Некои од нив биле и депортирани и очекуваме тие студенти да се вратат назад на УГД- Штип, изјави Челик.

 Целта на ваквите средби е да им се помогне на странските студенти навремено да добијат дозволи за престој, како и да ги решат проблемите со иднексот.