Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Струга се гуши, Мерко молчи – се бара акција од други надлежни институции

Стружани дишат отров,концентрацијата на ПМ-10 честички во воздухот сред лето изнесува и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стружани дишат отров,концентрацијата на ПМ-10 честички во воздухот сред лето изнесува и до 102 микрограми на кубен метар. Градот на две води се гуши во густ чад и тешка миризба не само во вечерните часови,туку во текот на целиот ден.Бидејќи во Струга нема мерни станици за мерење на загаденоста,мобилните апликации кои го следат квалитетот на воздухот покажуваат висока загаденост.Стружани алармираат под итно инспекциските служби да излезат на терен и да ги откријат главните загадувачи кои ја трујат Струга.

“Секоја вечер во Струга се чувствува истото,мирис на запалена депонија.Ние не можеме да отвориме прозорец во нашите домови,децата не можат да дишат нормално. Сите заедно живееме во страв што вдишуваме.И тоа не е само непријатен мирис, тоа се практично отрови кои сериозно го загрозуваат нашето здравје. Нашата порака е јасна, доста е.Струга заслужува чист воздух, а не труење и молк.Ние како граѓани нема да престанеме да бараме одговори и конкретни чекори,време е за акција и тоа веднаш”- вели Владимир Стојкоски,адвокат и граѓански активист.

Граѓанските активисти поднесоа писмена пријава до Општина Струга,Државниот инспекторат за животна средина,а ја известија и полицијата. Општината велат има обврски да превземе мерки во насока на идентификација на потенцијалните извори на загадување и тоа согласно закон треба да го направи.Така постапува општина водена од одговорни луѓе.

Реклама

“Надлежните органи,во конкретниот случај градоначалникот треба да излезе со информации каде е изворот на загадувањето, што го причинало таквото загадување, дали загадувањето е во мера над нормалната стапка на загадување, какво влијание би имало врз здравјето на луѓето.Некои насоки со кои што граѓаните би можеле да се заштитат од ваквите енормни загадувања на воздухот кој што го дишеме”-вели Глигорие Ќатоски,адвокат и активист

Градската депонија во Струга со децении ги гуши граѓаните, но не треба да се занемари и прекумерната урбанизација. Масовната урбанизација е еден од проблемите на нашето општествено живеење,несоодветното урбанизирање и спроведувања на урбанистичките планови доведува до ситуација помалите градови како Струга, буквални да не дижат. Инаку највисоката концентрацијата на ПМ-10 честички измерена во Струга изнесуваше и до 255 микрограми на метар кубен,што во одреден период беше речиси дупло од највисоката измерена вредност во Скопје,а Струга се најде на врвот на најзагадени градови во Македонија.