Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Струга на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Туристичките потенцијали на Струга од денеска до сабота се претставуваат на Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Туристичките потенцијали на Струга од денеска до сабота се претставуваат на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул, соопшти денеска општинската прес-служба.

Саемот, како што наведуваат, претставува исклучителна можност за промоција на туристичкиот потенцијал на Струга на меѓународниот пазар, нудејќи простор за нови соработки и проширување на професионалните контакти.

– Преку учеството на вакви меѓународни саеми, Општина Струга има за цел да го промовира туризмот како клучна гранка за економскиот и културниот развој на нашата општина, претставувајќи ги природните и културните потенцијали, како и гостопримството по кое сме препознатливи, стои во соопштението.

Реклама

Општина Струга дели заеднички штанд со Општина Дебар, на кој се промовираат туристички материјали од хотелиерите и локалните тур-оператори кои одговориле на јавната покана. 

Посетата на саемот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.