Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

„Стоп за Усје“ повторно на протест: бараат постојано мерење на воздухот и строги казни

Мерната станица кај Усје постојано да го мери квалитетот на воздухот, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерната станица кај Усје постојано да го мери квалитетот на воздухот, а резултатите од мерењата да бидат достапни и да ги видат сите граѓани, поставување автоматски сигнал што ќе алармира ако загадувањето ја надмине дозволемата граница, строги казни за Усје при секое надминување на границите на загадување како и добивање на привремена забрана за работа, да се тргне употребата на отровните горива и да се заменат со природниот гас и водород. Ова се дел од барањата на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Ако не се исполнат се закнија со интензивирање на протестите. На улица ќе излезат и утре во 18 часот.

„Истовремено наведуваме дека како и секогаш кога закажуваме протести или кога се одржува протест, цементара усје испраќа СООПШТЕНИЈА во кои вели дека не е загадувач и дека загадуваме ние граѓаните. Нашиот одговор е дека знаеме дека повторно  ќе го сторите тоа па ве прашуваме Кој што сам си го мери загадувањето засебе ќе каже дека загадува? А кој загадува знаеме и чувствуваме сите. Ние не веруваме во вашите мерења затоа е потребно исполнување на нашите барања.“– велат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Податоците од мерењата на воздухот со кои институциите располагаат ги добиваат од мерната станица од фабриката, а од граѓанската иницијатива веруваат дека истите не се точни. Од таму додаваат дека треба да се зголеми институционална контрола и да се усогласат законите за еколошка штета и борба против еколошки криминал со регулативата на ЕУ.

Реклама

Од „Титан Усје“ ги отфрлаат обвинувањата и велат дека работат согласно сите законски и еколошки стандарди. Од таму посочуваат дека современите филтри задолжително работат, а компанијата континуирано инвестира и во модернизација на технолошките процеси.

„ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни. Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје  се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните  дозволени гранични вредности.“- велат од Титан Усје.

Инаку, последниот протест од страна на иницијатива „Стоп за Усје”, беше  на 26 декември минатата година и сите нивни барања беа  доставени до инстутуциите.