Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

„Стоп за Усје“ повторно на протест: бараат постојано мерење на воздухот и строги казни

Мерната станица кај Усје постојано да го мери квалитетот на воздухот, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерната станица кај Усје постојано да го мери квалитетот на воздухот, а резултатите од мерењата да бидат достапни и да ги видат сите граѓани, поставување автоматски сигнал што ќе алармира ако загадувањето ја надмине дозволемата граница, строги казни за Усје при секое надминување на границите на загадување како и добивање на привремена забрана за работа, да се тргне употребата на отровните горива и да се заменат со природниот гас и водород. Ова се дел од барањата на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Ако не се исполнат се закнија со интензивирање на протестите. На улица ќе излезат и утре во 18 часот.

„Истовремено наведуваме дека како и секогаш кога закажуваме протести или кога се одржува протест, цементара усје испраќа СООПШТЕНИЈА во кои вели дека не е загадувач и дека загадуваме ние граѓаните. Нашиот одговор е дека знаеме дека повторно  ќе го сторите тоа па ве прашуваме Кој што сам си го мери загадувањето засебе ќе каже дека загадува? А кој загадува знаеме и чувствуваме сите. Ние не веруваме во вашите мерења затоа е потребно исполнување на нашите барања.“– велат од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Податоците од мерењата на воздухот со кои институциите располагаат ги добиваат од мерната станица од фабриката, а од граѓанската иницијатива веруваат дека истите не се точни. Од таму додаваат дека треба да се зголеми институционална контрола и да се усогласат законите за еколошка штета и борба против еколошки криминал со регулативата на ЕУ.

Реклама

Од „Титан Усје“ ги отфрлаат обвинувањата и велат дека работат согласно сите законски и еколошки стандарди. Од таму посочуваат дека современите филтри задолжително работат, а компанијата континуирано инвестира и во модернизација на технолошките процеси.

ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни. Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје  се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните  дозволени гранични вредности.“- велат од Титан Усје.

Инаку, последниот протест од страна на иницијатива „Стоп за Усје”, беше  на 26 декември минатата година и сите нивни барања беа  доставени до инстутуциите.