Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја истакна програмата  содржана од 140 проекти поделена во сите сегменти на жителите во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

„На овие избори настапуваме со програма од 140 проекти поделени во сите сегменти коишто го зафаќаат живеењето на жителите во Ѓорче Петров, програма којашто ќе ги опфати сите возрасти, категории. Јас во фокусот секогаш ги имам младите и во оваа програма ќе реализираме пет нови детски градинки во Ѓорче. Една детска градинка веќе ја правиме во Стопански, договорот е потпишан, и наредната недела започнува детската градинка во Дексион. Ќе продолжиме посветено да работиме и за децата во основното образование и тука ќе направиме пет доградби и едно основно училиште Гоце Делчев“, рече Стојкоски.

Стојкоски исто така истакна дека ќе се изградат три нови спортски комплекси, и дека со воведувањето на фотоволтаичната централа на јавните објекти, општина Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина.

Реклама

„Ќе продолжиме да работиме посветено и на спортската инфраструктура, ќе направиме три нови модерни спортски комплекси, ќе работиме силно и посветено за животната средина, Ѓорче Петров ќе ја добие и првата 2,2, мегаватна фотоволтаична централа на крововите на јавните објекти, со тоа општината Ѓорче Петров ќе стане првата енергетски независна општина“, рече Стојкоски.

На крај Стојкоски посочи дека ќе се изгради и нова летна сцена со нов плоштад, како и изградба на нов мега парк од 18.000 м2.

„Ќе го изградиме новиот мега парк Македонија којшто ни е во постапка на кејот на реката Вардар со површина од 18.000м2 којшто ќе ги содржи сите потребни зони за рекреација, ќе има нова летна сцена, нов плоштад со нови патеки и нова фонтана. Во делот на животната средина ќе набавиме и ново комунално возило за собирање на зелен отпад, планирана изградба на првиот центар за примарна селекција на отпад“, објасни Стојкоски.