Реклама

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

Македонија

Стојаноски: ЕК предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува потврда за добрите политики на Владата

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе испорачува конкретни и мерливи резултати во економијата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека 55.000 студенти ќе добијат ваучери за набавка на технолошки уреди, додавајќи дека есенската економска прогноза на Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години, што претставува силна потврда за добрите и одговорни политики што Владата ги спроведува.

„Денес имаше две добри вести од аспект на економијата. Првата е што конкретно студентите ќе можат да добијат средства за да може да набават технолошко помагало, 55.000 студенти, сите ќе добијат средства за да набават технолошко помагало, нешто што е многу позитивно и е наше ветување. Втората е  економската прогноза на Европската комисија која што ги потврдува добрите владини политики“, вели пратеникот Стојаноски и додава:

Реклама

„Ние кажавме дека нашата економска филозофија ќе се темели на три столба. Првиот е реализација на капитални инвестиции, приватна потрошувачка, подигнување на животниот стандард и засилување на приватното стопанство. Европската комисија дава позитивна оценка за сите три дела, нешто што за мене е дополнителен мотив да продолжиме и понатака да работиме во оваа насока“.