Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Прилози

Стоби станува стратешки локалитет за развој на културата и туризмот, Владата вложува над 10 милиони денари

Над 10 милиони денари државата вложува во археолошкиот локалитет Стоби, еден од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 10 милиони денари државата вложува во археолошкиот локалитет Стоби, еден од најзначајните симболи на културното наследство во земјава. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, најави нови инвестиции и проекти и унапредување на туризмот.

Додава дека поддршката за Стоби е континуирана за заштита, конзервација и презентација на овој уникатен археолошки комплекс.

„Стоби не е само археолошки локалитет, тој е и стратешка точка за развој на македонскиот туризам и, се разбира, најмногу за транзитниот туризам. Неговата близина со автопатот Е-75 го прави идеална дестинација за илјадници патници“, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Реклама

Меѓу клучните проекти е адаптацијата на старата железничка станица кај Стоби во современ центар, кој се очекува да биде отворен во септември, а треба да понуди современо искуство за туристите. Близината на автопатот го прави овој локалитет идеална транзитна дестинација за илјадници туристи.

„Сакаме да ја зголемиме видливоста на Стоби, да привлечеме уште повеќе донации“, изјава д-р Силвана Блажевска, археолог.

Знаеме дека на Стоби му е потребна многу конзервација и свесни сме за потребите на овој локалитет. Значи, последиците од атмосферските влијанија се видливи, знаат да се оштетат објектите и тука сме да помогнеме за тоа“, изјави Вил Рејнолдс, претставник на Џ. М. Каплан фонд.

Министерот Љутков вели дека Стоби е препознаен и од меѓународни организации и фондови од САД, Италија и Бугарија. Со новите инвестиции и зголемениот интерес, Стоби сè повеќе се позиционира како важна точка на културната и туристичката мапа, а неговата вредност ги надминува границите на нашата држава.