Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стојаноски: Со „Сејф Сити“ воспоставуваме ред во сообраќајот, а со тоа и намалување на бројот на човечки жртви

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски зборуваше за измените на законите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски зборуваше за измените на законите во Собранието поврзани со  функционирањето на системот „Сејф Сити“, оценувајќи го системот како позитивен со цел воспоставување на ред во сообраќајот и намалување на жртвите, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.

„Човечки е дека луѓето треба да се навикнат и затоа ја поздравувам одлуката на министерот Панче Тошковски да има таков тест период, од друга страна јас би се фокусирал на друга статистика, тоа е дека во првите 15 дена од тест периодот нема ниту една жртва низ скопските улици и сметам дека тоа е позитивно и тоа е на крај суштината на „Сејф Сити“, да бидеме искрени и реални“, рече Стојаноски.

Пратеникот Стојаноски истакна дека со законските измени се отвора патот да профункционира „Сејф Сити“ од 1 февруари и понатаму да се прошири и на други дејности.

Реклама

„И затоа треба таквите реформски закони да не ги гледате низ политички опортунизам туку што на крајот суштински ќе се подобри. Пет закони беа сега заедно со Кривичниот законик тоа е пакет на  6 закони, во кои целата онаа функционалност и детали коишто бараат да почиваат врз законски измени се донесени, така да апсолутно се отвора патот да профункционира системот од 1 февруари, имавме доста дебати за тие законски измени сметам дека сето она што го гледавме низ улиците на Скопје но и низ сите градови во државата, бидејќи овој систем кога ќе профункционира ќе биде воспоставен насекаде, бидејќи ќе треба да се прошири на други дејности, веќе сум разговарал со некои од скопските градоначалници, тие сакајќи да го сопрат оној вандализам на оштетување на јавната и урбана опрема сакаат да ги инсталираат и таму, вели Стојаноски и додаде:

„Се санкционираат одредени дејанија коишто беа многу негативни низ сообраќајот во Македонија тоа е безобзирно возење, без возачка дозвола, колку прекршоци треба да сторите за да ви биде одземена возачката итн.“