Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

Стојаноски: Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години

Почитувани, официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари. Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти. Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, официјалните податоци потврдуваат дека платите во Македонија бележат значителен раст. Во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари.

Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти. Во истиот период, растот на цените изнесува 7,8 проценти. Кога растот на платите ќе се коригира со растот на цените, реалното зголемување на просечната плата изнесува близу 11 проценти.

Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните.

Реклама

Растот е присутен во сите клучни сектори. Најголемо зголемување во апсолутен износ има во информациите и комуникациите, транспортот и складирањето и рударството. Процентуално, највисок раст има во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието.

Овие бројки се потврда дека економските политики даваат резултати и дека приходите на вработените растат. Нашата цел останува јасна: платите да продолжат да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и граѓаните да имаат повисок животен стандард.