Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и Зоран Заев. Тој вели дека бил изложен на големи притисоци од страна на тогашната власт за да му се одземе болницата, директно посочувајќи го тандемот Филипче и Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Бојан Стојановски.

Др. Митрев вели дека притисоците се случувале токму во периодот кога се водел судски случај против него, а Филипче и Заев ја имаа целосната власт и не бирале средства за да си ги задоволат апетитите.

Во овој период, додека траел судскиот случај, преку институциите на др. Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а воедно имал и забрана за продажба на удели во болницата.

Реклама

За тоа колку Филипче и Заев биле сериозни во намерите да ја земат клиниката Жан Митрев, говори и фактот за тоа дека само по една недела од нивното барање за откуп на болницата, ЈО ја повлекла забраната за продажба, со што било овозможена купување на удели во болницата. Ова е директен доказ за тоа како СДСМ, со Заев и Филипче ги злоупотребуваше институциите во државата, а дополнително со својата моќ вршеше притисок врз обвинителството.

Уште по скандалозно е тоа што, др. Жан Митрев вели дека Заев и Филипче му понудиле и спогодба, односно доколку ја продаде болницата за пониска сума од пазарната, ќе му помогнат да се ослободи од обвиненијата против него.

Ваквите сведоштва треба веднаш да се проверат од страна на ЈО. Доста е веќе штитење од одговорност на Филипче и Заев. Време е да одговараат за секој еден криминал што го сторија изминативе 8 години.