Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Startup Club Skopje: Скопије на автобусите не е грешка, туку дел од кампања за промоција на Startup Revolution AI Summit 2026

Во изминатите денови, пораката „Еднорозите доаѓаат во СКОПИЈЕ“ на автобусите низ градот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите денови, пораката „Еднорозите доаѓаат во СКОПИЈЕ“ на автобусите низ градот предизвика бројни реакции, коментари и споделувања. Но „грешката“ во името на градот не била случајна. Зад кампањата стои Startup Club Skopje, а таа е дел од промоцијата на Startup Revolution AI Summit 2026, еден од најголемите настани за стартапи, технологија и претприемништво во регионот, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Скопје, информираат од Startup Revolution AI Summit во соопштение.

Со намерно погрешно напишаното „СКОПИЈЕ“, кампањата имаше цел да привлече внимание, но и да испрати порака поврзана со една од главните теми на самитот.

Вештачката интелигенција го менува нашето секојдневие и начинот на кој работат компаниите, но човечкиот фактор сè уште останува во центарот на новите промени. AI може да автоматизира процеси и да создава содржини, но човекот е тој што проверува, проценува и носи одлуки.

Реклама

А еднорозите?

Тие се директна асоцијација на unicorn компаниите – стартапи со вредност поголема од една милијарда долари. Токму 10+ говорници и претставници од вакви компании се очекуваат во Скопје како дел од Startup Revolution AI Summit.

Од 1 до 4 октомври, Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 2.000 учесници од над 50 држави, 400+ стартапи, 200+ инвеститори и над 100 говорници, со претставници од глобални технолошки компании, инвестициски фондови и меѓународниот startup екосистем.

Посебен дел од програмата е и Startup World Cup, преку кој победничкиот стартап од Скопје ќе добие можност да се натпреварува на глобалното финале во Сан Франциско за инвестициска награда од 1 милион американски долари.

Целта на Startup Club Skopje е глобалните компании, инвеститори и основачи да дојдат во Скопје, да го запознаат потенцијалот на локалниот и регионалниот екосистем и да се создадат нови можности за инвестиции, партнерства и глобален раст.

„СКОПИЈЕ“ било намерно. Скопје е правилно. А зад еднорозите стои една поголема амбиција – денес да ги донесеме глобалните компании во Скопје, а утре светот да доаѓа тука за компаниите создадени во нашиот регион.