Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Станува се поизвесно- коронавирусот ќе ги „победи“ изборите на 12 април

По се изгледа коронавирусот ќе ги победи изборите на 12 април. Индиректно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По се изгледа коронавирусот ќе ги победи изборите на 12 април. Индиректно барање за нивно одложување пристигна  од Државната изборна комисија. Покрај големиот број граѓани кои ќе бидат директно вклучени на денот на изборите, претседателот на ДИК, Оливер Деркоски вели кај нив дневно влегуваат и излегуваат голем број лица, што сериозно го доведува во прашање здравјето на луѓето. Тој надополнува и дека Собранието може повторно да ги свика пратениците и да ги одложи изборите.

-Секој ден имаме овде по 200-300 луѓе, што значи сериозно се доведува до опасност здравјето на луѓето. Ќе продолжиме се до нова одлука на надлежните институции. Мандатот им трае на пратениците до изборот на новите пратеници, а во Македонија веќе имаме пракса, изјави Деркоски.

На можна опасност од одржување на избори во вакви услови предупреди и членот на ДИК, Јанаќе Витановски, кој кажа и дека членовите на комисијата биле во контакт со лица од Дебар и Центар Жупа.

Реклама

-Апелирам и до политичките партии и до техничката Влада, во која што учествуваат сите партии нека седнат да разговараат. Касно е ако ние одиме. Уште една работа да ви споменам овие луѓе кои што беа од Центар Жупа и од Дебар од ОИШ, тие беа овде, ние работевме со нив, 100 луѓе беа овде, што ако некој од нив бил заразен отидовме сите ние од ДИК, изјави Витановски.

Откако очигледно се истрчаа на пресот, подоцна преку соопштение од ДИК се дообјаснуваа.

-Во врска со објавите и насловите на прилозите на некои од медиумите од денешната седница, Државната изборна комисија појаснува дека не одлучувала, не побарала и не препорачала одложување на изборите, ниту има право на тоа. Напротив, Комисијата истакна дека работи според Законот и Роковникот и навремено ги презема сите дејствија во насока на организација на изборите, порачаа од ДИК.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно повторија дека изборите во моментов не се прв приоритет на партијата.

-Уште вчера претседателот на партијата Христијан Мицкоски кажа, мислам дека беше многу јасен, за нас изборите не се ниту прв, ниту втор, ни трет ни четврти приоритет. За нас во моментов единствен приоритет е здравјето на граѓаните и второ надминување на потенцијалната економска криза која што и следува на Македонија како резултат на ова што се случува, изјави Николоски.

Дека е отворена можноста за одложување на изборите покажува и реториката на собранискиот спикер Талар Џафери, во пресрет на утрешната седница на Советот за безбедност. Тој вели од правен аспект речиси е невозможно да се одложат изборите, имајќи ја предвид одлуката за распуштање на Собранието, но сепак порачува дека треба да се разгледаат сите можности и да се види каков ќе биде трендот и како ќе се развива ситуацијата со коронавирусот. И од СДСМ претходно кажаа дека во моментов најважно е здравјето на граѓаните, а не изборите.

Матеја Петровски