Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Станковиќ: Владата ги намали акцизите за горивата, преку конкретни мерки го штити стандардот на граѓаните

„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Дизелот на светските берзи се зголеми над 10 отсто. Интервенцијата на Владата, со намалување на 4 денари за акцизата по литар дизел придонесе да не биде многу повисока цената од онаа која што ја имаме сега“, истакна Малиша Станковиќ, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на една од националните телевизии, се наведува во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Станковиќ посочи дека државата не може да биде изолирана од глобалните процеси, особено поради случувањата на Блискиот Исток и нагласи дека мерките коишто ги презема Владата, односно намалување на акцизите и продолжување на понискиот ДДВ предизвикуваат конкретни резултати. Тој додаде дека Владата останува посветена да го заштити животниот стандард на граѓаните.

„Треба да сме свесни дека сепак ова е една криза која што не се случува само на Република Македонија, се случува на целиот свет и преку мерките коишто ги презема Владата ја контролираме ситуацијата во која што се наоѓаме. Сепак, во Македонија се вози најевтин дизел и најевтини бензини, и воопшто нафтените деривати се најевтини во целиот регион. Така што, сметам дека ја контролираме ситуацијата и мерките на Владата веќе предизвикуваат конкретни резултати“, дециден е Станковиќ.