Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Уште една потврда за економските политики на Владата, довербата во стопанството и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една потврда за економските политики на Владата, довербата во стопанството и фискалната стабилност на Македонија. Меѓународната агенција за оценка на кредитен рејтинг Стандард & Пурс го задржа кредитниот рејтинг на земјата на нивото ‘BB- со стабилни изгледи за во иднина. Во извештајот на агенцијата се наведува дека растот ќе забрза годинава на 3,5%, додека на среден рок растот ќе се стабилизира околу 3%, со постепено зголемување на приватните инвестиции и надворешната побарувачка. Зголемувањето на економијата главно ќе биде поткрепено од инвестициите во инфраструктурата долж Коридорите 8 и 10д како и зголемените приходи на домаќинствата.

„Стабилните изгледи го одразуваат нашиот став дека ризиците од намалување од послаб раст кај главните трговски партнери на Македонија се во голема мера избалансирани со умерени нивоа на државен долг и управливи трошоци за сервисирање на долгот. Неодамнешните ревизии на податоците за националните сметки не ја менуваат нашата проценка на растот или среднорочните перспективи. Надолните ризициостануваат високи, одразувајќи ја неизвесноста околу перспективите за раст на ЕУ со оглед на силните врски на Македонија во делот на трговијата и дознаките“ – Standard and Poor’s.

Од Министерството за финансии задоволни што оваа меѓународна финансиска агенција ги потврдила стабилноста на макроекономската политика, умереното ниво на јавен долг и способноста на државата навремено и континуирано да ги сервисира своите финансиски обврски, особено во услови на зголемена глобална економска неизвесност. Стандард & Пурс исто нотирала дека натамошниот напредок во спроведувањето на реформите, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, може само да ја зајакне економската и финансиска позиција на земјата и да придонесе за уште подобар кредитен рејтинг во иднина.

Реклама

„Агенцијата ја нотира и определбата на Владата за забрзување на економскиот раст преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, како и заложбите за зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на деловното опкружување, поефикасна наплата на јавните приходи и намалување на сивата економија. Во извештајот се наведува дека политиките се насочени кон поддршка на домашната побарувачка, преку раст на платите и пензиите, како и продолжување на фискалната консолидација“ – велат од Министерство за финансии.

Агенцијата оценува дека банкарскиот сектор има солидна солвентност, висока адекватност на капиталот од 19,5% и висок квалитет на активата, со историско најниско ниво на нефункционалните кредити од 2,3% од вкупните кредити. Во извештајот се наведува дека овие показатели ја потврдуваат отпорноста на банкарскиот систем. Се очекуваат и надолни пристисоци врз инфлацијата.

„Се очекува дека инфлациските притисоци ќе се намалуваат, поткрепени од умереното движење на цените на храната, претпазливата поставеност на монетарната политика и поволната споредбена основа. Агенцијата заклучува дека согласно состојбите, на краток рок, Народната банка ќе продолжи со примена на внимателна монетарна политика, заради задржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото“ – велат од Народна банка.

Кредитниот рејтинг на земјата се оценува двапати годишно од страна на „Стандард и Пурс„ како и од агенцијата  „Фич“. Тој е клучен индикатор за инвеститорите при донесувањето одлуки за вложување. За потсетување неодамна Македонија издаде еврообврзница под исклучително поволни услови, а заинтересираноста за вложување на меѓунардоните инвеститори беше огромна.