Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Стаменкоска Трајкоска на средба со жители на Црниче

Во рамките на континуираниот циклус теренски посети низ сите месни и урбани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на континуираниот циклус теренски посети низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, оствари работна средба со жителите на урбаната заедница Црниче. На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати. Присутните упатија благодарност за реконструкцијата на скалите што водат од улицата „Црниче“ кон улицата „Партение Зографски“, како и за редовното одржување на јавната хигиена во населбата, пишува во денешното соопштение на локалната самоуправа.

– По освртот на сработеното, дискусијата се насочи кон идните приоритети. Во делот на новите барања, граѓаните побараа Општината да интервенира до ЈП „Водовод и канализација“ за решавање на проблемот со квалитетот на водата на линијата од улицата „Серска“ кон „Востаничка“, како и за изградба на нова водоводна линија од улицата „Христо Узунов“ кон „Востаничка“. Жителите побараа и интервенција до МВР за засилени контроли околу паркирањето на улицата „Рилски Конгрес“, а беше побарано и Општината да упати барање до ЈСП за воведување на нова автобуска линија со број 6, со цел полесен транспорт до останатите делови на градот – се додава во соопштението.

Граѓаните побарале и поставување легнати препреки на улицата „Востаничка“, изградба на тротоар на „Серска“, асфалтирање на улицата „Банско“ и нејзино спојување со „Полог“, како и поставување нова линија за осветлување кај скалите до старата печатница.

Реклама

– Меѓу изнесените барања се најдоа и разгледување на можноста за поставување зонско паркирање во УЗ Црниче, редовно миење на поголемите улици во населбата, како и реконструкција на спортските и детските реквизити во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ заедно со изградба на нова спортска сала. Сите изнесени барања и предлози беа детално нотирани од страна на стручните општински служби со цел нивно вметнување во програмите за работа и ефикасно решавање. Теренските средби продолжуваат и во наредниот период низ целата општина – се додава во соопштението.