Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Стаменкоска Трајкоска на форум: Одржливи политики и реални решенија за поквалитетен живот на лицата со атипичен развој

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, учествуваше на Форум во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, учествуваше на Форум во организација на Ротари клубовите, насловен „Одржливост на социјалните и здравствените политики за лица со атипичен развој“. На настанот, покрај неа, учествуваше градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски. Присуството на еминентни експерти, меѓу кои проф. д-р Јасмина Трошанска, д-р Снежана Лазаревска, Стефанија Трајческа и Зоран Панчевски, односно докажани специјалисти за едукација и рехабилитација, специјални едукатори, кинезиолози и физиотерапевти, придонесе за плодна дискусија за клучната улога на институциите во креирањето инклузивно општество. Беше истакнато дека општините се првиот и најважен столб во препознавањето на потребите на граѓаните, преку кои се обезбедува директна и одржлива поддршка за лицата со атипичен развој, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.

Во рамките на дебатата, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги презентираше тековните активности кои произлегуваат од Социјалниот план 2023–2027, издвојувајќи ги услугите кои ја позиционираат Кисела Вода високо во поглед на посветеноста кон оваа категорија граѓани. Таа го нагласи проширувањето на бесплатните логопедски и дефектолошки третмани преку центарот „Гаспар“ со нова локација во село Драчево, како и континуираното спроведување на помошта и негата во домот за возрасните и изнемоштените лица, посебниот превоз и окупационите работилници за лицата над 18 години во соработка со здружението „КРИК“.

Развојната визија за следните 12 месеци вклучува отворање на нов дневен центар во Црниче за поддршка на деца со дислексија и дисграфија, како и воведување бесплатни обуки за јакнење на менталното здравје на мајките на деца со атипичен развој. Во насока на системско унапредување на овие политики, таа ја поддржа идејата за воспоставување локални експертски совети, кои ќе овозможат знаењето на професионалците од терен директно да влијае врз креирањето на идните општински програми.

Реклама

Запрашана околу стратешката цел за наредните три години, градоначалничката нагласи дека приоритетот е ставен на создавање специјализирани дневни центри за лица со атипичен развој. Како што беше објаснето за време на дискусијата, ова системско решение подразбира обезбедување на безбеден и стимулативен простор каде децата ќе добиваат врвна стручна поддршка. За реализација на оваа голема цел, Стаменкоска Трајкоска ја потенцираше неопходноста од силна меѓуопштинска соработка и партнерство со Град Скопје. Преку заедничко здружување на ресурсите и изнаоѓање соодветни просторни услови, локалната самоуправа има за цел да им гарантира на семејствата долгорочна сигурност и реално олеснување во нивното секојдневие.