Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

ССМ поднесе законска иницијатива за намалување на функционерските плати за околу 80 проценти

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до Собранието и до сите пратенички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) до Собранието и до сите пратенички групи денеска во 11 часот ја поднесе иницијативата за изменување и дополнување на Законот за платата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката за, како што велат, нивно постапување веднаш и без одлагање.

Вр основа на одлуката на претседателството на ССМ, донесена на 3.2.2026 година, а врз основа на член 71 од Уставот на Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија до овластените предлагачи ја поднесува следната:

                                                                         И Н И Ц И Ј А Т И В А

Реклама

                                                         за изменување и дополнување на

              Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на

                       Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката

                                                                                   Член 1

Член 11 од во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се менува и гласи:

„Основица за пресметување на платата на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката е минималната плата во Републиката, според податоците на Државниот завод за статистика.“

                                                                                  Член 2

Коефициентите за утврдување на надоместокот на плата и на плата утврдени во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се намалуваат за 40%

                                                                      О б р а з л о ж е н и е

Во Закон за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката во член 11 е предвидено дека Основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците од Државниот завод за статистика.

Врз основа на Уставното право, оваа законска иницијатива Сојузот на синдикатите на Македонија ја темели на принципите на еднаквост, недискриминација и правна сигурност за сите граѓани содржани во Уставот како највисок акт во државата, како и во

меѓународните трудови стандарди, Европската социјална повелба, Универзалната декларација за човековите права и други меѓународни документи.

За да бидат граѓаните на Македонија еднакви пред националните закони, како и за да бидат еднакви според и пред меѓународните акти и принципи, потребно е појдовната основа за градење на платите на сите работници и граѓани во нашата држава да биде еднаква. Во конкретниот случај треба да се поаѓа од висината на минималната плата како основица за пресметување на сите плати, затоа што анализите на Владата и анализите на Работодавачите, за разлика од анализите на ССМ, покажале дека вредноста на минималната плата е доволна за да ги задоволи елементарните потребите на граѓаните, па оттука и имајќи го предвид горенаведеното ССМ се залага и инсистира на еднаков третман на сите плати во државата и смета дека е потребно да се измени горенаведениот член 11 и основицата за пресметка предвиден во Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката

ССМ заедно со Владата на државата во 2023-та година потпишаа и предвидоа во Општ колективен договор за јавен сектор во кој се поаѓаше од просечната плата како основица за градење на платите на вработените во јавниот сектор, поаѓајќи токму од законското решение за платите на функционерите, избраните и именуваните лица, но Владата како потписник на истиот и спротивно на Закон и без оправдани причини не го почитува Општиот колективен договор за јавниот сектор и не ги уреди платите на вработените на овој начин, а дополнително бара и укинување на ваквото право на работниците.

Затоа ССМ предлага истиот принцип да се примени и за платите на функционерите, за платите на избраните и именуваните лица, односно преку оваа Иницијатива, ССМ предлага основица за пресметка на нивните плати да биде минималната плата, односно да се измени членот 11 од Законот и да гласи како во диспозитивот на оваа Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.