Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Српски платен убиец уапсен во Скопје, спремал убиство за криминална група?

Маж од Србија е уапсен во скопско под сомнение дека подготвувал тешко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Маж од Србија е уапсен во скопско под сомнение дека подготвувал тешко кривично дело, најверојатно ликвидација, пишуваат српските медиуми.

Акцијата била спроведена по долготрајна оперативна размена на информации меѓу македонското и српското Министерство за внатрешни работи.

Осомничениот С. М., роден 1984 година, бил откриен во засолниште во Скопје. При претресот, полицијата пронашла пиштол „ЦЗ“, муниција, воен нож, црна тактичка униформа и мала количина марихуана. Кај него била пронајдена и српска лична карта која гласела на друго лице.

Реклама

Според истрагата, осомничениот претходно нелегално ја преминал границата и влегол во Македонија. Полицијата се сомнева дека тој бил испратен со конкретна задача.

Оперативните информации покажуваат дека 42-годишникот е поврзан со организирана криминална група. Истражителите веруваат дека во Скопје подготвувал ликвидација.

Во тек е идентификација на можната цел и луѓето што му помагале за време на престојот во Македонија.