Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Средствата од Планот за раст не ги добива земјата директно на сметка, туку се даваат за одредени чекори и проекти, вели Мицкоски

Средствата добиени од Планот за раст не се пари кои земјава ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти кои треба да се реализираат, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека иако средствата се врзани за проекти, сепак, тие придонесуваат за раст на БДП и финансиска […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средствата добиени од Планот за раст не се пари кои земјава ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти кои треба да се реализираат, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека иако средствата се врзани за проекти, сепак, тие придонесуваат за раст на БДП и финансиска ликвидност.

– За планот за раст има многу шпекулации, многу невистини и разни толкувања од одредени политичари. Планот за раст е план во кој државите имаат добиено индикативна листа. Оние 750 милиони евра за кои се зборува во јавноста, планот за раст е 750 милиони евра, тоа не се пари кои некој ги има „во џеб“ и вие испорачувате и тој ви дава пари. Така не функционира тоа. Една третина е буџетска ликвидност, една третина е WBIF компонента, а една третина е мек заем кој започнува да се враќа по 2032 година, појасни на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски. 

Потенцира дека за чекорите кои ни биле прифатени за декемврискиот извештај каде сме добиле најголемо финансирање, од 67 милиони евра 30 добила државата, другото е за проекти, а не за буџетска поддршка.

Реклама

Очекува до крајот на јуни повторно да бидеме први и повторно да добиеме најмногу средства, овојпат над 100 милиони, од кои, во зависност од структурата на чекорот кој е на индикативната листа, да добиеме дел, а другите да бидат за проекти.

Договорено е и за критичните чекори како да се изведат, а да бидат признати и оти тоа ќе го направат за сите проекти кои се во грејс период за да не пропаднат.

Инаку, проектите се подготвени, а се очекува сега да се исполнат над 30 чекори што не прави подобри и од Црна Гора и Албанија.

Вкупниот износ на поддршката на ЕУ за Западен Балкан во рамки на финансискиот инструмент за реформи и раст изнесува шест милијарди евра. Во согласнот со предвидената методологија на ЕУ на нашата држава ќе и бидат ставени на располагање 750,4 милиони евра за период од 2024-2027 поделени во транши, при што првата транша беше планирана за крајот на минатата година.  Општите услови за исплаќање на средствата се однесуваат на спроведувањето на фундаменталните реформи, владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободи додека посебните услови се формулирани во рамки на Реформската агенда.

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи лани премиерот Христијан Мицкоски. Според него, тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена. Нагласи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. Ова, според него, било резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности.

– Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани, посочи тогаш Мицкоски.

Меѓу другото, најави дека се поднесени барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност.