Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство

Со изведба на социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изведба на социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често останува незабележан од возрасните.

Настанот, кој е во организација на „Меѓаши“ се одржа по повод Меѓународниот ден на детето и на симболична локација пред законодавниот дом со цел да се потенцира важноста од институционална одговорност во креирањето и спроведувањето политики за безбедност и благосостојба на децата.

– Поентата е луѓето да ги увидат ефектите од меѓуврсничкото насилство и да реагираат кога ќе забележат такви ситуации – порача Марио, ученик од СУГС „Јосип Броз Тито“, кој учествуваше во денешната изведба на социјален танц пред Собранието.

Реклама

Според него, пораката на настапот е кога ќе видиме насилство, да не останеме пасивни, туку да се вклучиме и да преземеме конкретни мерки за да го спречиме. Вели дека меѓуврсничкото насилство сè повеќе добива психолошки и суптилен карактер, кој потешко се препознава.

– Булингот во последно време помалку е физички, а повеќе психички. Се манифестира преку исмевање, игнорирање или изолација, без директни навреди, што го прави потешко за пријавување и препознавање – истакна ученикот и порача дека е потребно од најрана возраст да се воведе поголем фокус на емоционалната и на психолошката едукација кај учениците.

Според професорката Грозданка Саздова од СУГС „Јосип Броз Тито, возрасните со личните постапки секојдневно им даваат пример на младите како да се однесуваат меѓу себе. Таа посочи дека секојдневието на децата често е обележано и со негативни примери од однесувањето на возрасните, особено во ситуации кога постои позиција на моќ.

– Секојдневието на нашите деца е исполнето со примери како некој возрасен од ситуација на моќ си дозволува да прави навреди, мобинг на работно место, за жал, да бидат сведоци како им повишува глас со навреди и други несакани работи – нагласи Саздова и додаде дека локацијата за одржување на настанот, пред законодавниот дом, носи силна симболика.

Професорката Валентина Стерјовски од гимназијата во Гостивар порача дека за справување со насилството во училиштата неопходни се едуцирани наставници, јасни протоколи и поголема сензитивност за препознавање на скриените форми на насилство.

– Насилството не е само физичко, туку има и прикриени форми, кои треба навреме да ги препознаеме – истакна Стерјовски и посочи дека создавањето безбедна училишна средина бара заедничка вклученост на родителите, наставниците и институциите.

Пораката од настапот беше дека, иако учебната година завршува, предизвиците со кои се соочуваат децата не престануваат со последното училишно ѕвонче. Следната учебна година носи нови генерации, кои ќе имаат потреба од безбедна, поддржувачка и ненасилна средина.

Учениците со својата изведба повикаа на поголема одговорност, емпатија и конкретни мерки за превенција и заштита од сите форми на насилство и социјално исклучување.

Од „Меѓаши“ информираат дека социјалниот танц-театар е резултат на обука реализирана од 9 до 11 мај 2026 година во Маврово, каде што учениците преку сценска уметност, движење и заедничка работа ги истражуваа причините, последиците и можните начини за спречување на насилството.