Реклама
Македонија

Средношколци од Куманово ќе го посетат Собранието во рамки на едукативниот настан „Имам став!“

Средношколци од СОУ „Перо Наков “ од  Куманово денеска ќе го посетат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколци од СОУ „Перо Наков “ од  Куманово денеска ќе го посетат Собранието на Македонија за едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт.

„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во  Собранието.

-Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, соопшти собраниската прес-служба.