Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Средба на Стоилковиќ со неговиот српски колега Бериша: Продлабочување на соработката и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Република Србија, Демо Бериша, на која беше изразена заедничка определба за продлабочување на меѓусебната соработка и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји.

Како што информираат од Министерството за односи меѓу заедниците, во текот на средбата, соговорниците размениле искуства и добри практики во креирањето и спроведување на јавни политики насочени кон заштита и унапредување на правата на заедниците, со посебен акцент на инклузијата, еднаквите можности и општествената кохезија.

– Беше истакната и потребата од интензивирање на соработката меѓу надлежните институции, како и од воспоставување поцврсти механизми за размена на информации и експертска поддршка, стои во соопштението.

Реклама

Соговорниците, додаваат, ја потенцирале и улогата на регионалната соработка како клучен фактор за стабилност, развој и заемна доверба, при што изразиле подготвеност за понатамошно продлабочување на билатералните односи преку редовна комуникација и конкретни заеднички активности.

– Средбата беше оценета како конструктивна и значајна, со јасна заедничка визија за унапредување на партнерството меѓу Македонија и Р Србија во духот на добрососедство и меѓусебно почитување, се наведува во соопштението.