Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со учесници вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците вклучени во програмата „Конекција Оксфорд“, Џеј Јакуб, извршен директор на Фондацијата за економија на заемноста, Мајкл Рамзден, предавач, како и креаторите на програмата, Костаке Милков, претседател на Балканскиот институт за вера и култура и Нада Милкова, директорка на издавачката куќа „Метаноја“.

Заблагодарувајќи им се за посетата, Сиљановска-Давкова, како што информираат од нејзиниот кабинет, истакнала дека академската и културна програмата „Конекција Оксфорд“ на македонските студенти не само што им овозможува пристап до најновите истражувачки проекти, туку и можност лично да се запознаат со истражувачите. За неа, програмата е мост меѓу македонските високообразовни институции и Оксфорд, како еден од најдобро разнгирани универзитети во светот.

Гостите ја запознале Сиљановска-Давкова со истражувањето врзано за основните цели на бизнисот, истакнувајќи дека основната цел на бизнисот не е да создава профит, туку да изнаоѓа профитабилни решенија за проблемите на луѓето и планетата, наместо да профитира од создавањето проблеми за луѓето и планетата. Во тој контекст, тие ја образложија новата метрика на профит за сите актери во работниот процес, без негативни последици врз вработените и заштита на животната средина.

Реклама

Соговорниците, се вели во соопштението, укажале на потребата од особена посветеност на младите, како субјекти кои можат да внесат позитивни општествени промени. 

Програмата „Конекција Оксфорд“ ја иницираше Балканскиот институт за вера и култура во 2011 година. Во рамки на истата, повеќе од 100 професори, предавачи и докторанди од Оксфорд имаа можност во земјава да ги презентираат своите истражувања во областа на: физиката, хемијата, медицината, вештачката интелигенција, филозофијата, етиката, книжевноста, бизнисот и историја.