Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Средба на градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска со францускиот амбасадор Ле Риголер

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска имаше средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска, денеска имаше средба со францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер. Како што се наведува во соопштението од Општината, на средбата биле разменети мислења за унапредување на соработката и продлабочувањето на партнерските односи, со акцент на образованието, културата и промоцијата на европските вредности на локално ниво. 

– Посетата има и симболично значење, имајќи предвид дека токму амбасадорот Ле Риголер, на почетокот од 2025 година, на свечена церемонија во Француската резиденција во Скопје, ѝ го додели на Стаменкоска Трајкоска високото француско одликување „Витез од редот на академските палми“. Одликувањето ѝ беше врачено додека таа беше пратеничка во Собранието на Македонија и претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на француската култура, образованието и франкофонската заедница, стои во соопштението.

За градоначалничката Стаменкоска – Трајкоска, во соопштението се наведува дека средбата е уште една потврда за одличните односи и заемната почит помеѓу двете земји. 

Реклама

– На почетокот од оваа година, во својство на пратеничка, имав чест да бидам одликувана со признанието „Витез од редот на академските палми”, што го доживувам како потврда за долгогодишниот континуиран ангажман во промовирањето на француската култура, образованието и франкофонските вредности. Денешната средба претставува природно продолжение на таа соработка и взаемна доверба. Како градоначалник, силно верувам дека ваквите односи треба да се надградуваат и на локално ниво, преку конкретни партнерства и иницијативи од заемен интерес, посочила Стаменкоска – Трајкоска.