Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Средба Мемов – Гигинеишвили за одржливоста на пензискиот систем и политиките за подобрување и усогласување на пензиите

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Ник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Ник Гигинеишвили, шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава.

Како што соопштија од Фондот на ПИОМ, на средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усогласување на пензиите.

Директорот Мемов нагласи дека во Фондот, по воспоставувањето на Одделението за долгорочно планирање, се прават анализи и се согледува севкупната состојба. Едновремено, тој информираше дека во тек е и подготовка на проекции и предлози за подобрување на финансиската солвентност на Фондот и одржливоста на пензискиот систем.

Реклама

Шефот на Мисијата на ММФ, Гигинеишвили рече дека тие се фокусирани на макроекономската и монетарната состојба и проекции, и ја гледаат широката слика, во која дел е и пензискиот систем. Проценките говорат оти е неопходно да се преземат активности што поскоро за консолидирање на пензискиот систем, имајќи ги во предвид сите предизвици и тоа е пораката што ќе ја пренесат до Владата во текот на оваа посета, се наведува во соопштението.

Мемов и шефот на Мисијата на ММФ, Гигинеишвили се согласија дека во наредниот период е потребна сериозна координирана активност на сите чинители, вклучувајќи ја и Светска банка, за да се направат сите потребни чекори во обезбедувањето на финансиски стабилен Фонд и на долг рок одржлив пензиски систем.