Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Средба Костадиновски со заменик министерот за економија Ристевски

Градоначалникот на Општина Виница заедно со пратеничката Даниела Христова, денеска оствари работна средба со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски. – Разговаравме за актуелните економски состојби, можностите за унапредување на локалната економија и поддршката на домашните компании и инвестициски проекти, информира Костадиновски. Според него, во разговорите била истакната важноста од добрата соработка помеѓу […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Виница заедно со пратеничката Даниела Христова, денеска оствари работна средба со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски.

– Разговаравме за актуелните економски состојби, можностите за унапредување на локалната економија и поддршката на домашните компании и инвестициски проекти, информира Костадиновски.

Според него, во разговорите била истакната важноста од добрата соработка помеѓу локалната и централната власт, како и потребата од континуирана поддршка на компаниите кои инвестираат, создаваат нови работни места и придонесуваат за економскиот напредок на  општината.

Реклама

Средбата се одржа во рамки на официјалното пуштање во употреба на новата производна линија на компанијата Макпрогрес, инвестиција која претставува значаен придонес за економскиот развој на Општина Виница и отвора нови перспективи за понатамошен раст и развој на стопанството.