Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Средба Хоџа – Варанк:  Зајакнување на соработката со Турција во пресрет на COP31

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција. На средбата, како што соопштија од МЖСПП, биле разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција.

На средбата, како што соопштија од МЖСПП, биле разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP31, која ќе се одржи во Анталија.  

Соговорниците ја истакнале важноста на билатералната и регионалната соработка во справувањето со климатските промени, како и потребата од забрзување на имплементацијата на климатските политики преку инвестиции, размена на знаења и заеднички иницијативи.

Реклама

Министерот Хоџа го поздравил ангажманот на турското претседателство со COP31 и ја нагласил подготвеноста на Македонија активно да придонесува во процесите што ќе водат кон конкретни резултати за регионот.