Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

„Срце за 63 светлини“ – ѕвездено небо на градскиот плоштад во Куманово

Кумановци, вечерва со почеток во 20 часот на  градскиот плоштад ќе оддадат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановци, вечерва со почеток во 20 часот на  градскиот плоштад ќе оддадат почит на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа денеска од општина Куманово.

Во знак на сеќавање и почит кон прерано згаснатите животи во трагичниот настан во Кочани, на кумановскиот градски плоштад, ќе се одржи достоинствен помен „Срце за 63 светлини“, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општината.

Ѕвезденото небо ќе биде посветено на 63 -те ангели, со праќање на порака и поддршка до семејствата на жртвите, искажувајќи сочувство во нивната болка, меѓу нив и на кумановецот Филип Стевановски. Пред трагичната смрт, Стевановски беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Роден во Куманово, Стевановски беше уметнички директор на „Џез фестивалот“, продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистер по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“-Штип.