Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Свет

Спротиставените ставови за преговори меѓу Иран и САД ја поскапеа нафтата на 104 долари

Сеуште не се знае дали се водат преговори на релација Техеран- Вашингтон.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сеуште не се знае дали се водат преговори на релација Техеран- Вашингтон.

Според едната страна војната е при крај, според другата не постојат никакви разговори за мир.

Официјален Техеран потврди дека го добил американскиот предлог од 15 точки за прекин на американско-израелската офанзива кои  опфаќа клучни прашања како укинување на нуклеарната програма, гаранции за регионалната безбедност, а за возврат Иран би добил ублажување на санкциите.

Реклама

Шефот на иранската дипломатија зборувајќи за предлогот на САД рече дека го разгледуваат, но тоа не значи дека сакаат да преговараат.

„Тие изнесоа идеи што им беа пренесени на највисоките власти (на Иран) и доколку е потребно, ќе дадат одговор“,ова е војна на Израел, и луѓето од регионот и луѓето од САД ја плаќаат цената за тоа“, изјави Абас Арагчи министер за надворешни работи на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран очајнички сака да постигне договор за мир, но певите лууѓе на земјата се плашат јавно да го соопштаат тоа.

„Тие преговараат, патем, и се желни да го постигнат овој договор“,„Но, тие се плашат да го кажат тоа бидејќи мислат дека нивните луѓе ќе ги убијаили дека ние ќе ги убиеме“, изјави Доналд Трамп.

А на терен ситуацијата останува иста.

Израел соопшти дека нападнал во срцето на главниот град, Техеран, и дека целта му бил објект за развој на подморници во централниот град Исфахан.

Сирените се слушале рано изутрината  во делови од Тел Авив и градови во централен Израел.  Саудиска Арабија пресретнала повеќе беспилотни летала над богатата со нафта Источна провинција, а воздушната одбрана на ОАЕ, исто така, неутрализирала  ракети.

Спротивставените информации за тоа дали се водат преговори меѓу Иран и САД повторно ја зголемија цената на нафтата.

По вчерашниот пад на 98 долари за барел , денес таа повторно ја надмина границата од 100 долари и достгна цена од 104 долари.

Мартин Трајчевски