Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Спортско игралише во Тафталиџе 2 по желба на Општина Карпош, околните жители сакаат да се зачува паркот

Ќе се гради спортско игралиште но никој не знае каде точно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се гради спортско игралиште но никој не знае каде точно и на колкава површина. Жителите на населбата Тафталиџе 2 во паника дека паркот околу зградите, за кој сами се грижат и го наводнуваат, засекогаш ќе го изгубат.
Иако на оддалеченост од 150 метри има три спортски игралишта, уште во месец март Општина Карпош спроведе анкета за изградба на кошаркарско игралиште. Анка Гаџоска кој е директно засегната со овој проблем за Алфа тврди дека не била направена никаква јавна презентација, за идејата на општината.

“На 3 и 4 март ни направија анкета дали би сакале да има игралиште некаде во блзиина, не ни покажаа јавна презентација како би изгледало ниту имаше некаков детален план” – вели Анка Гаџоска која е жител на најзасегнатата зграда.

Граѓаните кои живеат во близина се уште погневни откако пред неколку дена надлежните од Општината ги посетиле и го разгледувале теренот каде што ќе се гради игралиштето. Велат дека прашањето на спроведената анкета било двосмислено и не сакаат да им се скрати зеленилото, меѓудругото, најголем процент од станарите се на возраст од 50 до 80 години и немаат потреба од игралишта.

Реклама

Од Општина Карпош пак велат дека на 3 и 4 март се спровела анкета на која 36 домаќинства се изјасниле дека сакаат игралиште и дека секој граѓанин се потпишал со свои податоци.

Оттука, воопшто не може да стане збор за самоволие за узурпација на јавниот простор. Мнозинството граѓани се согласни во овој дел да има зона за спорт и рекреација – игралиште за кошарка – пишува во соопштението на Општина Карпош.

Според информациите од станарите, во најзасегнатата зградата има 58 станови. За сега повеќе од 30 домаќинства од околните згради, потпишале петиција да се спречи изградбата на спортскиот терен. Со цел да се разјаснат сите дилеми од Општинатавелат дека ќе оствари средба со претставници од зградите а финалната одлука ќе биде заеднички и со повторна консултација.

Адријана Алексиеска